Според индексот на Херитиџ, Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи
Економијата на Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на Xеритиџ фондацијата. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот.
Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени, првенствено, како што велат од Херитиџ, поради падот на трговските слободи.
Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.
Македонија е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа.
-Рангирањето на Македонија спаѓа во категоријата „умерено слободна“ оваа година. За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути, се вели во извештајот на „Херитиџ“.
Ново на Сител
-
Калеска Ванчева: Деновиве почнува исплатата на финансиска поддршка за февруари и март
-
Приведени две лица од Штип, затекнати при вршење на тешка кражба
-
Сојуз на средношколци: Во некои средни училишта не се почитува договорот за државната матура
-
Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за двајцата пратеници кои заразени со ковид гласаа во Собранието
-
На учениците без можност да користат е-учебници, ќе им ги печати училиштето
-
ОЈО: Единаесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје
-
ДУИ го поздравува освојувањето на петтиот пакет економски мерки
-
Димитров: Петтиот пакет на мерки задоцнет, но, ќе има позитивен ефект врз стопанството