Loading Video...
Спорт плус
9. April 2020 - 17:44

Спонзорите во македонските спортски клубови, продолжуваат со донации во борбата со Ковид-19

Во изминатиот период бројни се самостојните, но и организирани иницијативи на македонските спортисти и клубови кои со своја помош, донација, помагаат во борбата против Корона вирусот.  Сега на ред се и финансиерите. 

Откако компанијата Еурофарм, која е главен спонзор на македонскиот ракометен вице-првак Еурофарм Пелистер, донираше 50 кревети за клиниката „Мајка Терезе“, денеска донации и помош доаѓа од фудбалски клуба. 

Првата е од компанијата „АТС Груп“ која е главниот спонзор на ФК Шкупи, а која  донираше 20.000 тестови како и половина милион (500.000) заштитни маски.

Во интервју за порталот  „Спорт Медиа“ првиот човек на компанијата, Шефшет Демировски изјави - “Борбата против ширењето на вирусот Ковид 19, може да ја добиеме само ако делуваме обединето. Ситуацијата е деликатна за сите нас, но искрено сметам дека секој може да помогне на некаков начин. Ние одлучивме во рамките на можностите да и помогнеме на нашата држава”. 

И од редовите на актуелниот македонски првак Шкендија, со помош за тетовската болница. Првотимците, Мевлан Мурати, Енур Тотре и Омар Имери, денеска ја предадоа хуманитарната помош што раководството на клубот од Тетово ја обезбеди за оваа установа.