Споени Фијат Крајслер и Пежо-Ситроен-Опел во нова компанија „Стелантис“
Акционерите на Фијат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика Стелантис.
Извршниот директор на ПСА Пежо, Карлос Таварес и претседателот на Фиат Крајслер Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност“ на спојувањето на компаниите кои „помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија“.
– Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од ПСА имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.
Новата компанија ќе произведува 8,7 милиони автомобили годишно, а ќе има профит од пет милијарди евра годишно. Спојувањето беше договорено заради намалување на трошоците, но прашање е дали тие ќе можат да изградат бренд и да зачуваат работни места на пазар кој сè уште е под влијание на пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација