Балкан
31. August 2017 - 12:57

Сподели песна на познатата српска група па се разнесе со бомба: Смртта на младото момче го потресе регионот

Емир Пиљуг (22) во саботата нешто пред 20 часот во местото Подборје кај Какањ (БиХ) се самоуби активирајќи рачна бомба.

МВР на Зеничко-добојскиот кантон потврди дека 22-годипниот П.Е. од Подбор околу 19.45 часот на патот извршил самоубиство во рачна бомба.

По информациите, на местото на настанот излегол дежурен јавен обвинител, а патологот можел само да констатира смрт кај 22-годишното момче.

Засега во јавноста не се познати мотивите поради кои момчето се одлучило на овој очајнички чин. Засега постојат само нагаѓања за тоа.

Додека мештаните шпекулираат за причините, истрагата треба да ги расчисти околностите кои довеле до трагедија и очајниот чин на кој се одлучило момчето од Какањ.

Пиљуг работел во семејната фирма, а многу се индикативни пораките кои тој ги оставал пред трагедијата. Така девет дена пред трагедијата напишал статус: „Не е прашање кој ќе ми дозволи, туку кој ќе ме запре“:

Исто така 2 дена пред да ја активира рачната бомба, момчето на својот профил ја сподели песната на групата Галија „Дали си спавала“.