СПМ: Зошто специјалци и инструктори од ЕСЗ и ЕБР се ставаат во куќарки да чуваат објекти?
Како што и самите знаете Синдикат на полиција во Македонија пред неколку дена најостро реагираше за издадените незаконски решенија од Министерот за внатрешни работи каде спротивно на сите правила и процедури, спротивно на закон и колективен договор во МВР полициски службеници добија решенија без никаков правен основ односно беа распоредени надвор од нивните места на живеење.
За жал од Вас како министер за внатрешни работи ние како Синдикат ниту Македонската јавност не доби никаков одговор од кои причини наведените работници ширум Секторите за внатрешни работи добија незаконски решенија надвор од своите места на живеење. Затоа Бараме ВЕДНАШ да добиеме одговор зошто и од кои причини правната служба во МВР изработила и Ви ги доставила на потпис сите вакви незаконски решенија. Да стане јасно на јавноста Распоредување „По предлог на Началник на СВР“ НЕ ПОСТОИ и мора таа пракса незаконска повеќе да не се применува.
Но, апсурдот да е уште поголем, деновиве тоа што се случува во Одделот за специјални полициски операции е работа која никако не смее да биде премолчана. Повторно „ПО ПРЕДЛОГ“ на раководител а со СОГЛАСНОСТ НА ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ деновиве се доделени повеќе од 20-тина решенија од Единицата за специјални задачи – ЕСЗ каде долгогодишни специјалци и инструктори со поминати највисоки видови на обука по светски стандарди без никаков повод и причина се распоредени и ставени во куќарки да чуваат објекти. ДА, СПЕЦИЈАЛЦИ со повеќе од 20 години работно искуство како специјалци и инструктори каде државата потрошила огромни суми на пари за да поминат безброј обуки и сето тоа се фрла во вода.
Од кои причини ги распоредувате? Од тука го прашуваме Директорот на БЈБ:
– Со која цел се распоредени специјалците почитуван Директоре на БЈБ?
Синдикат на Полиција во Македонија
– Дали знаете дека со ова СЕРИОЗНО се влијае на безбедноста на државата заради недостаток на стручен кадар како специјалци како во ЕСЗ така и во ЕБР?
– Не ли имате барем малку грижа на совест што свесно ја ослабувате ЕСЗ а Вие тоа најдобро го знаете дали е така бидејќи почетоците во МВР Ви беа баш од таа единица?
Зошто тоа деновиве станува пракса и во Единицата за брзо распоредување – ЕБР каде долгогодишни специјалци пак се ставени на обезбедуваат куќарки и сега „модерно“ ВИ станува наместо да ги задржат овластувањата со 30% им давате решение со овластување 20%. Па има ли крајова лудило почитуван Директоре а впрочем и почитуван министре??? Зошто едноставно ваквата незаконска пракса за издавање на незаконити решенија стане „историја“ и конечно да започне владеењето на правото и почитување на сите процедури при распоредувањето на работник по било кој основ во Министерството за внатрешни работи. Зошто тогаш постои Колективниот договор на МВР ако воопшто не го почитувате?
Сега збор два и за синдикатот кој обожава секаде да се самонарекува „Единствен репрезентативен синдикат во МВР“: Пред неколку дена го повикавме Македонскиот полициски синдикат како Синдикат кој има постојани членови во Комисијата за распоредување и унапредување во МВР и упативме јавно прашање до нив го цитираме: Што работеа при донесувањето на одлуките за распоредување на
наведената категорија на работници како во овој така и во изминатиот период и побаравме да добиеме одговор дали барем ЕДНАШ се спротиставиле на некое незаконско решение или сите решенија се изготвени со нивни АМИН? Ги прашавме и од кои причини не постапуваат од одредбите од Колективниот договор потпишан од нивен претседател? Од тие причини наместо да се занимавате и единствена преокупација да ви биде да го згаснете нашиов Синдикат сметаме дека им ги должите наведените одговори на незаконски распоредените работници – наши колеги.
Почитуван Министер,
Почитуван Директор на БЈБ,
Сакаме да веруваме дека најискрено сакате да чекорите на патот по кој се стремите да чекорите а тоа е „Патот кон Европската Унија“. Доколку е тоа навистина така исправете ја нанесената неправда нанесена на сите работници како во овој период така и во минатиот период. Покажете и докажете дека справувањето со неистомислениците и професионалците кои чесно си го заработуваат лебот од својата професија е веќе минато. Вратете ја честа на оваа прекрасна професија која е изгубена години наназат. Всушност и затоа сте ставени на наведените позиции нели?
Бараме веднаш да излезете со реакција до нас и во јавноста и да постапите кон враќањето на наведените работници на нивните претходни работни места онаму каде решенијата се незаконски.
Синдикат на Полиција во Македонија
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот