СПМ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ низ дијалог да најдат решение за кризата
Социјалистичката партија на Македонија предлага двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да прејдат на непосредни разговори и преговори и притоа низ дијалог, смирено однесување и толерантност, со почитување на секое изнесено мислење, со аргументи и факти, а особено со чувството за зачувување на унитарноста и стабилноста на држава да усогласат прифатливо излезно решение од актуелната криза.
- Светот во 19. век на овој начин ги надминува и ги решава меѓусебните проблеми, затоа што се покажало дека доколку во тоа посредува друг, решенијата се неуспешни. Социјалистичката партија на Македонија е подготвена да обезбеди услови и да посредува доколку двете страни за тоа се согласат. Убедени сме дека овој пат ќе победи разумот и дека ќе се тргне по патот кој ќе донесе излезни решенија, се вели во соопштението од Социјалистичката партија.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор