СПМ: Стојчевска Костадиновска да се повлече од функцијата
Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост по скандалозната изјава на Бисера Костадиновска-Стојчевска, ресорен министер за култура. Дотолку повеќе што неодмерените зборови на г-ѓата министерка всушност се одраз на реалната ментална состојба во која се наоѓа Владата и СДСМ како последица од неразумното превземање обврски од потпишаниот Протокол, условен од страна на источниот сосед.
Изјавите со директна закана за цензурирање на слободната творечка мисла, изречениот збор и било која уметничка креација само претставуваат рефлексија на сериозно програмски и идеолошки потклекнатата владеачка партија, подеднакво и на нејзината незаинтересираност и апатриден однос кон суштинските национални прашања.
Непоимливо е, длабоко навлезени во дваесет и првиот Век од позиција на власт, а во СДСМ сватена како сила и моќ, било кому да му се наложува начин на креативност, односно да му се ограничува и забранува слободното творење, особено не на културните дејци и уметници.
Ова е уште една потврда за воспоставениот хибриден режим во Република Македонија кој со досегашното однесување на членовите на Владата и нивните изјави се претвора во диктатура врз народот. Впрочем, секоја нелегитимна влада самата по себе претставува системско наметнување на ограничувања врз граѓаните, кои постепено се остваруваат и со репресивни средства за кои во изминатиот период бевме сведоци дека навистина и се применуваат, сè до очигледното физичко насилство и терор.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека со досегашното незадоволително работење и со скромното или воопшто непостоечко познавање за делокругот на овластувањата и обврските на институцијата со која раководи г-ѓата Бисера Стојчевска Костадиновска, е препорачливо самата да се повлече од Министерството за култура.
Во спротивно, доколку премиерот чувствува елементарна одговорност е должен да ја разреши.
Социјалистичката партија на Македонија воедно укажува на дополнителните елементи кои би ја теретеле министерката, а се однесуваат на лекомислено дадените согласности за отстапки од нејзиниот ресор, како дел од Протоколот и кои всушност претставуваат нејзин мотив во неразумната изјава.
СПМ
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња