СПМ: Потребни се итни и неодложни парламентарни избори
Социјалистичката партија на Македонија како и целата македонска јавност можеше да заклучи дека два дена власта, предводена од премерот и ресорните министри, на уприличената конференција зборуваа што сработиле во изминатата година и кои им се приоритетите.
Општиот впечаток е како тие сами да се убедуваа колку успеси имаат постигнато, со цел лажно да ја зајакнат пропагандата за себе, а на товар на граѓаните. Потрошија и време и пари но не ги убедија граѓаните дека им е подобро.
Тврдат платите пораснале, а всушност реално и сериозно се намалени, стандардот е опаднат со што се зголемува сиромаштијата. Високата инфлација ги пореметува паричните текови, а власта не може да се справи со тоа. Хаос владее во државата на меѓународен план.
Власта гледа со розеви очила и за неа се е во ред, нема проблеми, зошто сите, нели, само што не се решени.
За пораките и поплаките кои постојано ги добива од граѓаните кои се незадоволни, власта не сака да ги слушне. Таа сака по секоја цена да опстои и затоа нема слух, ниту чувство за народот и за неговите потреби.
Владата на неспособниот премиер и манипулант Ковачевски свесно ја доведува македонската популација во подредена положба и во однос на странство но и дома во однос на другите националности. Власта ја распродава државата во сите аспекти со цел да се одржи по секоја цена и да украде колку што се може повеќе од народните пари.
Незапирливото исселување на граѓаните власта не го гледа. Напротив, ги слуша барањата за увоз на работна сила, ама да може да ја експлоатираат уште повеќе од домашната. Токму катастрофалната политика на власта ја доведе државата во најлоша состојба од осамостојувањето. Политиката на минимизираање на платите и нивно заостанување ќе значи натамошен одлив на цели семсејства засегнати од лошата власт и нејзините несистемски и лоши мерки.
Со минимален рејтинг, Ковачевски се подготвува не само да го истурка нелегитимниот мандат со албанизација на власта туку и евентуално да победи на следните избори.
Која нереалност и болна амбиција на овој неспособен човек.
Затоа СПМ укажува дека како најважна активност е власта да престане со интервладините комбинаторики и конечно да ја свати потребата од итни и неодложни параламентарни избори за да се спаси државата од пропаст,
Избори како едниствено можно решение за спас и за иднината на македонската држава и македонската нација.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка