Македонија
19. August 2022 - 10:37

СПМ: Кој е тој Османи, ситен и недораснат да носи судбоносни одлуки за еден цел народ

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во секој настап во јавноста министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжува да ги манипулира граѓаните во Македонија.

Тој тврдоглаво и упорно тврди дека преговорите со ЕУ се отпочнати иако тие се условени и ќе започнат со промената на македонскиот Устав.

Тој безсрамно ги брани ставовите на Комисијата за историски и образовни прашања чии предлози ја дерогираат македонската историска наука и ја потчинуваат Македонија на интересите на Бугарија.

Предлозите на Комисијата не се историски туку се политички и манипулаторски, оттаму Османи перфидно ги минимизира бугарските историчари за извојуваната победа.

Сите напади врз споменатите заклучоци Османи цинично ги смета за лажни вести кои се пласирани од разни центри, покажувајќи дека не е дораснат на позицијата што ја има со неприфаќање на народната волја масовно изразена против ставовите на Комисијата.

Министерот Османи не ги кажува очигледните факти, упорно тврдејќи дека Уставот сигурно ќе се промени. Тој неразумно смета дека тоа ќе се реализира со убедување на пратениците од опозицијата или со притисок, за што Социјалистичката партија на Македонија директно го предупредува воопшто да не се обидува на тој за него опасен чекор.

И тој и било кој во Владата и тие во непостоечкиот СДСМ и оние во ДУИ!

Социјалистичката партија на Македонија повторува дека никој нема право да тргува со македонскиот идентитет со историјата и македонскиот јазик, најмалку неупатениот и исфрустриран лекар или нелегитимниот Ковачевски.

Затоа јавноста прашува кој е тој Османи, ситен и недораснат во споредба со историската величина и универзалното право на македонскиот народ да носи судбоносни одлуки за цел еден народ кон кого има дискутабилен однос.

Очигледно е дека стравот од соочуваење со народот го сокрива со лаги и манипулации, исто како и маргинализираниот и за ништо надлежен премиер Ковачевски.

Социјалистичката партија на Македонија цени дека погрешната политика на власта и предавничкиот концепт воопшто не водат кон срамна позиција и подреденост на државата, карактеристично за немакедонскиот и антидржавен СДСМ и политичко меркантилната и по многу основи осведочено криминогена ДУИ.

 

Социјалистичка партија на Македонија