Македонија
8. October 2016 - 17:37

СПМ: изборите на 11 декември се единствен излез од политичката криза

Единствен излез од политичката криза во Македонија се изборите закажани за 11 декември. Ова е ставот на Социјалистичката партија на Македонија која денеска одржа коориднативен состанок во Велес со претседателите на општинскитео рганизации во третата изборна единица.

Одржувањето на изборите ќе помогне и во подобрување на економската слика во државата, сметаат во Социјалистичката партија на Македонија.

Од СПМ велат дека во следниот период ќе продолжат со активностите за подготовка на партијата за претстојните паралемнтарни избори.