Македонија
16. October 2020 - 11:40

Спиро Ристовски и Трајко Вељановски во самоизолација, се одложи "27 април"

Според адвокатите, двајцата кои се обвинети како наводни организатори на "27 април", добиле решенија за самоизолација поради заразени со корона во нивните семејства.

Позитивен на вирусот е и адвокатот на Ристовски.

Заради влошената слика со коронавирусот, адвокатите најавија дека од Министерството за здравство и Комисијата з заразни болести ќе побараат протокол за одржување на судските рочишта.

Велат дека секојдневно се на  судења кои траат и по пет часа а во судниците се присутни и до 50 лица.

 

Зоран Јаневски