Балкан
14. May 2018 - 15:08

Спираки: Не се согласуваме, Грција да даде сè во преговорите, а ерга омнес да го добие на рати

Нова демократија не се согласува со тоа што владата, според натписите во медиумте, однапред дава зелено светло за датум за отпочнување пристапни преговори со ЕУ и интеграција во НАТО и на рати да го добие прилагодувањето на полето на ерга омнес, вели портпаролката на најголемата грчка опозициска партија, во интервју за радиото „Реал фм“.

- Нова демократија како предуслов за разговор за изнаоѓање заеднички јазик за името, предложи промена на Уставот, како за отстранување на иредентистичките наводи, така и за прифаќање на името што ќе биде договорено. Ние сме на различна бранова должина. Останува да го видиме договорот, но, сепак, од објавените информации до сега, се чини, дека грчката влада, Грција, однапред го предава оружјето, односно ќе ѝ  овозможи на ПЈРМ да добие датум, да почне преговори за интеграција во ЕУ и да даде зелено светло за влез во НАТО и очекува, на рати да го добие прилагодувањето (за ерга омнес), непознато дали тоа ќе се случи, вели Марија Спираки во интервјуто за радиото.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на Нова демократија, уште еднаш го повтори ставот на партијата дека грчкиот премиер и шефот на грчката дипломатија „преговараат како претставници на СИРИЗА, Ципрас преговара со Заев како лидер на СИРИЗА“, бидејќи коалицискиот партнер во владата Независни Грци има спротивен став.

- Тоа го укажавме уште од почеток и од почеток ѝ укажавме на владата дека нема мандат да преговара како мнозинство. Но, сепак, владата го стори тоа, ги надгради преговорите на ниво на министри, а сега ќе има средба, нова средба на премиерите на маргините на самитот во Софија, рече портпаролката на Нова демократија.