Македонија
29. јуни 2022 - 16:33

Спикерот Џафери порачува - пратениците да си седат на столче за да нема тепачки

Ако пратениците си седат на своите места, нема да има инциденти во Собранието. Спикерот Џафери на утринскиот брифинг со новинарите рече дека не го оправдува однесувањето на својот сопартиец Адеми но тврди дека тој не може да ја превземе целата вина бидејќи бил испровоциран од опозициските пратеници.

Опозицијата пак не се откажува од барањето одговорност. Додека министерката за култура вели дека нема намера да бара разрешување на нејзиниот советник Азири кој најави кршење на раце и нозе на сите кои ќе понижат Албанец, пратеникот Милошоски кој беше и директно посочен денеска му поднесе кривична пријава. Милошоски му даде рок и на Адеми да се повлече од претседател на Комисијата за европски прашања.

Тензиите од комисијата за европски прашања, вчера се пресликаа и во законодавно праваната комисија. Финалето пред донесување на спорниот закон за работни односи со кој треба да се продложи мандатот на пензионирани судии и јавни обвинители, се претвори во битка за микрофон.

Откако во претходните два дена Законот за работни односи шпмина и во  двете собраниски комисии, не се исклучува мпжноста тој да се најде на пленарна седница уште вечерва по завршување на пратеничките прашања.

 Опозицијата обвинува дека власта брза во трка со времето бидејќи веќе утре пред пратениците ќе се најде интерпелацијата за спикерот Џафери. Од СДСМ пак тврдат дека брзите процеси се поради европското знаменце.

Ако Собранието не ги донесе измените на законот за работни односи најдоцна до утре, веќе од четврток во пензија заминуваат 60 судии и 13 обвинители. Со законските измени е предложено продложување на нивниот мандат за уште три години.