Свет
9. February 2018 - 15:17

Спектакуларното бегство на Србин ја шокираше Австрија: Избега од затвор подобро и од Џејмс Бонд

Спектакуларно бегство од затвор во Австрија, го привлекло вниманието на тамошните медиуми.

Имено се работи за Србин на возраст од 43 години, освен криминална кариера, може да биде и актер, според сценариото на бегство.Државјанин на Србија бил во притвор откако бил осуден за измама и требало да одлежи во декември 2019 година.

Преку ноќта предизвикал тепачка меѓу луѓето со кои ја делел келијата, а како што сведочат тие, сам себеси си нанесувал повреди. Пренесен е во болница, каде му е укажана лекарска помош, а го посетиле и синот со семејството, кој незабележано му донесол и телефон. Затвореникот со синот се договориле за бегството, па другиот ден почнал да повраќа. Заради смрдеата, стражарот што го чувал го отворил прозорецот да се излуфтира, но во даден момент, Србинот, по цефките за греење скокнал од прозорецот на вториот кат, влегол во автомобил каде го чекал синот. По 20 километри возиото било сопрено, но во него бл само синот, а затвореникот се симнал попатно. Против синот е поднесена пријава за помагање при бегсто и му се заканува казна од две години затвор.