Балкан
1. јуни 2017 - 10:10

Спектакуларна акција на полицијата - Откриено кој ја убил Кристина

 
Убијците на 19-годишната Кристина од Србија се тинејџери. Вчера полицијата во спектакуларна акција ги бркала по кровови на куќи. Таа упаднала во куќата во која биле, а тие се разбегале. Почнале да се качуваат по кровови, а полицијата ги бркала по нив. Тие биле фатени со метален сеф тежок 150 килограми.
 
Приведени се 17-годишниот А.М. 19-годишниот Иван С. и 19-годишниот Срѓан П.
 
Инаку, Кристина беше убиена откако тинејџерите по кражбата почнале да се туркаат, а од нивниот пиштол испукале еден куршум. Кристина беше погодена во главата, и по неколку дена почина во болница.