Македонија
13. July 2018 - 16:43

Спектакуларен старт на „Охридско лето“

Со италијански и француски арии во изведба на романската оперска дива Елена Мошуц  и тенорот Калин Братеску, во придружба на оркестарот од Македонска филхармонија под диригентската палка на Николае Молдовеану, стартува „Охридско лето“.Прогласувајќи го за отворен фестивалот претседателот Ѓорге Иванов истакна дека уметниците коишто ќе настапат, со себе  ќе го донесат светот, а потоа, во светот ќе го понесат Охрид како македонско огледало на европската култура.

Министерот за култура Асан Адеми, истакна дека уметноста е универзален јазик на светот и дека само во јазикот на музиката се е искрено, чисто и божествено.

Главниот туристички центар со бројни манифестации во екот на сезоната ќе привлекува посетители.

Инаку стартот на сезоната Охрид ќе го означи со манифестацијата Бела ноќ која ќе понуди забавна програма со бројни музички содржини и настани за сечиј вкус до раните утрински часови.