Џет-Сет
15. November 2017 - 13:48

Спектакл во најава: Еве каде Лепа Брена ќе пее за Нова година, од хонорарот ќе ви се заврти во глава

Најпопуларната пејачка од поранешна Југославија ќе пее во еден хотел во Петровац, а подготовкие за дочекот на 2018 година на големо се почнати.

Лепа Брена договори настап во најлудата ноќ во еден луксузен хотел во Петровац за кој ќе добие дури 100.000 евра.

-Менаџментот на хотелот по секоја цена сака најголемата балканска фолк ѕвезда да и пее во најлудата ноќ. Поради тоа не штедеа на хонорарот за Брена, ниту на декорацијата на силата во која гостите на хотелот со Брена ќе ја дочекаат новата година, вели на почетокот од разговорот извор близок до пејачката и објаснува дека Брена веќе почнала да се подготвува за настапот.

-Веднаш и понудија 100.000 евра, што таа без многу размислување ги прифати. Освен хонорарот, пресудно беше и тоа што овој пат ќе настапи во затворен простор, зошто претходните години за дочекот главно пееше по градските плоштади. Како голем професионалец, ни ова дружење со публиката нема да го препушти на случајот, па веќе почнала да го осмислува настапот. Сака на гостите во хотелот во кој ќе пее да им остане во најубаво сеќавање, па со денови внимателно го бира репертоарот, вели зивор близок до пејачката.

Сега е на ред бирање на стајлингот за најлудата ноќ, а Брена планира неколку пати да се пресоблече. Ќе биде тоа вистински спектакл на бина, на што е навикната нејзината публика сите овие години, вели изворот.

Инаку, фолк дивата е на светска турнеја „Зар је важно дал се пева или пјева? која започна на 11 ноември во австриската престолнина.

Тогаш првпат сцената ја делеше со синот Стефан, а големата турнеја воедно е и прослава на 35. годишнина од кариерата на Брена.

За помалку од две недели, Брена повторно ќе настапи во Виена, а потоа на ред се концертите во Бугарија и Словенија.