Свет
30. October 2016 - 9:41

Спектакл во „Метрополитан опера“ прекинат поради распрснување бел прав

Познатата њујоршка оперска сала Метрополитан опера, беше евакуирана синоќа откако човек од публиката распрсна бел прав врз оркестарот за време на претставата Вилијам Тел.

Полицијата соопшти дека не извршила апсење по инцидентот бидејќи правот бил од кремиран мртовец. Според полицијата, мажот кој не бил од Њујорк  распрснал прав од кремиран пријател, негов ментор по оперско пеење.