Македонија
13. December 2015 - 20:14

Специјалното обвинителство уште не поднело кривична пријава против Зоран Заев и СДСМ за затајување и прикривање на 600.000 прислушкувани разговори

Социјалдемократите денес и службено објавија дека нема да се појават на наредните паралемнтарни избори на 24 април наредната година. Иако во јули потпишаа договор за предвремени избори со посредништво и гаранција на Европската унија и САД, и иако се исполнуваат сите услови од договорот, СДСМ – договорот нема да го испочитува и на избори нема да се појави заради дополнителни услови кои во договорот од Пржино ги нема, а тоа е нивната намера за преземање власт над медиумите преку Агенцијата за медиуми и партиско раководење со Македонската радио телевизија.

Нивниот предлог закон за Агенцијата за медиуми, со кој на новинарите изрично им се забранува право на став, анализа и коментар, а директорот на Агенцијата за медиуми со неограничени и дискрециони права се поставува по предлог на СДСМ беше одбиен и отфрлен од целокупната македонска јавност, а деновиве против ваквиот предлог се јави и еден од најголемите авторитети во САД кој и самиот бил раководител на американската агенција за медиуми кој планот на СДСМ го оцени како враќање на комунизмот во земјава.

 

Ниту една од двете асоцијации на новинари во Македонија, МАН и ЗНМ, ниту една европска новинарска институција како ни европските институции кои службено се занимаваат со медиуми, човекови права и слобода на говор не дадоа поддршка на планот на СДСМ но, сепак, тие ова го поставуваат како услов да се појават на изборите затоа што, според нив, само таков закон за медиуми на нив им давал шанси на изборите.

Практично, СДСМ бара молк на медиумите за да се појави на избори. Како да се бара од лекар да постави дијагноза, а да не смее да лекува, советува и има став за болеста.

Најпосле, зошто цела нација, и цел медиумски сектор би биле заложници на СДСМ во нивните потреби да си обезбедат пожелни услови за избори.

Она што на СДСМ му го урива рејтингот не се медиумите, туку нивното раководство кое нема решенија, програма и политика која е прифатлива за гласачите. Токму затоа и медиумите кои ги поддржуваат СДСМ имаат низок рејтинг, како и самата партија.

СДСМ има под контрола три телевизии со национална програма, два весника и десеттина агресивни сајтови кои не успеваат да ја разубават политиката на СДСМ, иако се трудат.

Секаде во Европа одговорен за резултатите на партиите се нивните раководства, а не дел од медиумите кои не ја поддржуваат нивната политика.

 

Освен што со години СДСМ нема политика, идентитет и програми, има и серија потези кои во јавноста ги легитимираат како подземна политика.

Која друга партија во Европа има на чело на партијата лидер амнестиран за криминал од осум милиони евра и снимен дека бара поткуп од 200.000 евра од позиција на градоначалник. И тој партиски лидер, Заев, сега бара власт над медиумите иако како никој во Европа јавно порачува дека медиумите се нивни најголеми политички непријатели.

Која друга опозициска партија има потпретседателка, лидерка на партијата две децении како Шекеринска, која во скапи бунди и возејќи се во џипови посетува земјоделци и бара поддршка од нив. Која друга партија во Европа има портпарол како Петре Шилегов која се заканува на новинари и уредници дека ќе одат во затвор ако СДСМ дојде на власт.

Во која друга држава во Европа партија од опозиција како СДСМ објавува туѓи приватни телефонски разговори, па дури и на новинари, со целосно приватен и личен карактер.

И после сево ова, СДСМ бара поддршка од медиумите.

Сосема е јасно зошто СДСМ бара власт над медимите, и кои им се намерите потоа.

Причините за низок рејтинг на СДСМ не се медиумите, освен наведените има и други.

Сред полициската акција во Куманово, во мај годинава, медиумите на СДСМ објавија исклучително опасна шпекулација дека полицијата убила цело албанско семејство, вклучително и десетгодишно дете. Веста е објавена со цел да создаде експлозија на револт кај Албанците и етнички тензии со Македонците, за интереси на СДСМ.

А веста беше лажна.

Заев замина за Израел, и оттаму порача дека безбедносните служби на Изарел му дале податоци за криминал и корупција на владата, информација што исто така има за цел да послужи за нивните партиски потреби, иако и нанесува голема штета на Македонија.

И оваа вест беше лажна. Демантирана директно од министерство на израелската влада.

СДСМ преку нивни медиум отворија афера дека ВМРО ДПМНЕ печателе лажни лични карти, дури 30.000, за потреби на избори. Покажаа 105 примероци од истите.

Но, набргу, се покажа дека и таа вест била лажна.

Сега, кога имаат свој министер за внатершни, ако Спасовски не открие кој ги печател лажните карти, ќе биде јасно дека СДСМ лично стои зад оваа диверзија.

Ова се само три од низата политички измами и местенки на СДСМ само за последниве шест месеци. А нивната кампања од овој вид трае повеќе од три години.

И затоа, никој неможе да биде виновен за резултатите на СДСМ освен нивното партиско раководство кое водело ваква политика, и носело вакви одлуки.

Кога ги објавуваа бомбите имаа акција за смена на Груевски од чело на партијата ВМРО ДПМНЕ, па формираа група од Кекеновски, Димитров и Лазаревиќ која Заев и Шекеринска ја туркаа во јавнсота како нови лидери на ВМРО ДПМНЕ. Но и тоа не им успеа.

Сега бараат контрола и власт врз медиумите, без поддршка од никого во Македонија.

Следно што СДСМ ќе бара за да ги подобри своите шанси за избори е смена на народот. Барем две третини граѓани да немаат право на глас за тие да победат.

Сепак, покорисно и поедноставно е наместо партиски условувања без крај, да се промени демократската пракса од Европа, па да си оди раководството на СДСМ.