Свет
9. December 2016 - 8:58

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија повика на обновување на меѓусириските преговори

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, изјави дека е дојдено време да се размисли за обновување на преговорите меѓу Дамаск и опозицијата, пренесоа светските агенции. 

Де Мистура посочи дека бил охрабрен од плановите на САД и Русија во сабота, на 10 декември, во Женева да се одржат разговори во кои ќе се разгледа повлекувањето на опозициските борци од Алепо.

- Можеби е дојдено време сериозно да ја проучиме можноста за обновување на преговорите, да провериме кога и како можеме да ги оддржиме политичките дискусии, рече дипломатот по седницата зад затворени врати на Советот за безбедност, посветена на Сирија.

Тој изрази надеж дека штотуку објавеното примирје ќе се реализира и на приближно 8.000 лица ќе биде дозволено да го напуштат опколениот град.

-Над 30. 000 лица веќе го напуштиле Алепо, но непознат е вкупниот број на луѓе кои се уште се таму, дополни тој.

Де Мистура, исто така, кажа дека планира да се сретне со луѓе од екипата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.