Бизнис
5. January 2018 - 17:33

Специјални еколошки налепници за возилата и посебни таблички за таксито во Скопје

Посебни таблици за такси возила и еколошки налепници за сите автомоболи. Министерството за економија подготвува нов закон за возила. Од таму велат дека потребата од  посебни таблици за таксистите е на барање на асоцијацијата за легални превозници со цел да се спречи нелојалната конкуренција. Еко налепниците пак ќе бидат за сите останати автомобили. Ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен  налчин ќе се селектираат сите оние ки терба да бидат исклчени од сообраќај при енормно загадување на воздухот.

Од министерствотот за економија се побара  да се воведат жолти регистарски таблици за  лиценцираните  автотакси возила за целата територија на Република Македонија. Ова барање е од причина што се појавува незаконско работење од автотакси превозниците и има за цел редовно да се плаќаат давачките према државата, плаќање на придонеси за вработениот такси превозник . Измената на Законот за возила, која се однесува за воведување на жолти регистерски таблици и еколошки лепенки е прифатена од Министерството за внатрешни работи кои се надлежни да ја спроведат. Во моментот се работи на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за возила, односно се доработуваат детали, кои треба да бидат вградени во одредбите на Законот за возила и во подзаконските акти од Законот за возила се вели во дописот на министертвото за економија.

Колку  лепенките и посебните таблици дополнително ќе ги чинат граѓаните од еконмија посочуваат дека  тоа е во надлежност на МВР.

Градоначалникот Шилегов пак минатата година кога ја истакна потребата од еко налепниците посочи дека тоа дополнително нема да ги оптовари граѓаните со пбразложение дека тие и без тоа секоја година мора да напрвата технички преглед на возилото. Шилегов тогаш  истакна дека очекува во текот на годинава да бидат направени потребните зкаонски измени, а до крајт на 2018 година сите автомобили да бидат обележани со еко налепници.