Македонија
22. јуни 2019 - 20:20

Специјалната болница „Св. Еразмо“ до крајот на летото ќе добие нов современ изглед

Новиот објект во болницата Св.Еразмо ќе биде готов до крајот на летото. После застојот во 2018 година градежните работи продолжија. Со реконструкцијата, на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид ќе добие современ регионален центар.Министерот Филипче најави дека наскоро и Струга ќе добие нова болница која ќе се гради на магистралниот пат према Ќафасан.

Во тек е изработка на генерален урбанистички план на оваа локација, каде дел од земјиштето ќе биде наменето за здравствена дејност.

И покрај недостигот на медицински кадар министерот Филипче вели дека зголемен е персоналот за најмалку 10 проценти меѓутоа за да се надмине овој проблем воведен е систем на ротација на докторите  со кој во овој момент се надополнува кадарот.

Инаку според најавите новиот објект кај Свети Еразмо предвидено е да го користат болницата за ортопедија и треуматологија и Заводот за кардиологија а паралелно отпочнат е и процесот за спроведување набавка на потребната опрема за двете болници.