Македонија
18. November 2019 - 16:27

Специјализантите со кофинансирање на од протест побараа исти права и примања како нивните колеги

И ние сме лекари им порачаа на здравствените власти  околу 130 кофинансирани специјализанти кои денеска преку протест го искажаа нивниот револт. Сакаат  еднакви права и привилегии како и нивните колеги а не да работат како што велат за едвај просечна плата без никаква гаранција дека ќе останат на работа по завршување на специјализацијата. Трансформација на работниот однос на неопределено време и зголемување на личниот доход како и на останатите здравствени работници е главното барање на специјализантите до министерот Филипче.

-Одлуката за овој протест не е донесена во миг и е резултат на претходни повеќекратни средби и неможност да се изнајде решение за нашиот проблем кој потекнува од договорите за вработувања, вели др. Филип наумовски специјализант на КАРИЛ

Ние сме посебна група кофинасирани специјализанти, иако не мешаат со приватните кои се друга група. Ние работиме под определени услови кои не важат за ниедни други вработени во државата. Нашите договори се на определено време, до завршување на специјализација и потоа преминување на неопределено време. Изјави Сандра Цилевска, специјализант на Трауматологија.

Овие лекари реагираат дека нивни колеги кои веќе станале специјалисти  преку кофинансирање не успеале да го продолжат работниот одност бидејќи овие специјализации не се вклопуваат  во Законот за здравствена заштита. На денешниот протест пред министерството за здравство му дадоа рок на министерот Филипче да најде решение, во спротивно секој ден ќе излегуваат на протест.

-Даваме рок од еден месец да се заврши ова. Знаеме дека спроведувањето може да потрае и подолго и дека проблемот е комплексен, но мора да се почне, вели Сандра Цилевска

Кофинансираните специјализанти велат дека последен пат се сретнале со министерот  пред 4 месеци, но потврдуваат дека минатата недела 20тина нивни колеги имале неофицијална средба со Филипче на која немало конкретни мерки. Од Министерството за здравство, пак, велат дека  договориле формирале на работни групи кои треба да работат на решавање на оваа ситуација во координација со Фондот за здравствено осигурување и пратениците во Собранието.