СПЦ изненадена што БПЦ се согласи да биде промотор на автокефалноста на МПЦ
Српската православна црква е изненадена од потегот на Бугарските владици да ја преземат одговорноста да бидат промотори на решавањето на автокефалниот статус на МПЦ. Вчерашната одлука на БПЦ преизвика гомемо внимание во српската јавност. Белградска политика повикувајќи се на информации од Патријаршијата пишува дека одлуката ги возбуидила кругови во Белград, каде вчера имало и седница на Синдот на СПЦ.
Пораката што СПЦ ја пренесува преку политика е дека сепак српските владици се надевале оти Синодот во Софија ќе остане на линија на канонскиот поредок на црквата. Втората порака што СПЦ ја испраќа како потсетување за црковна Софија е дека јовановата ПОА е единствета црква со СПЦ ја признава.
Најновиот развој на настаните меѓу СПЦ и МПЦ станаа атрактивни и за светските медиуми. Ројтерс пишува за доближувањето на двете цркви и покрај трнливата историја.
Во македонската јавност, освен одлуката на Владиката Агатангел јавно да с едистанцира од овој процес, засега другите владици молчат. Агатангел и владиката Петар денеска беа на промоција на книга за охридскиот живопис, но одбија јавно да го коментираат најновиот развој на црковните релации МПЦ и БПЦ.
Дека во процесот има позитивно придвижување смета Акамедик Владо Камбовски.
Академик Старделов пак, по водржан во коментарите.
Реакциите продолжуваат и во Бугарската јавност. Ден по одлуката новинарите и дел од бугарската јавност смета дека владиците на БПЦ треба да преземат уште еден чекор, а тоа е да почнат сослужување со македонските архиереи.
Дека тоа е следанта цел, потврдуваат и дел од бугарските владици, но сепак за нив поважно е да се стаса до целта преку црковна дипломатија, отколку еднострано да се одлучи да се сослужува.
-
Марјан Николовски
Сите содржини од овој новинар