Македонија
23. May 2022 - 21:17

СПЦ и МПЦ утре со нова заедничка литургија во Скопје - ќе биде ли објавена автокефалност?

Пристигна српскиот патријарх Порфирије заедно со осум владици од СПЦ. За утре е закажана утринска литургија која ќе се одржи во Соборниот храм. Според информации на Сител од високи извори во Светиот Синод, се очекува утре за време на говорот по литургијата патријархот Српски Порфирије да ја објави радосната вест  дека СПЦ ќе ја претстсви МПЦ пред Вселенската патријаршија за автокефалност.

Инаку, СПЦ денеска го заврши мајскиот Сабор, но во соопштението немаше детали за евентуалната автокефалност на МПЦ. Во него само во една реченица беше напишано за сослужувањето на литургијата во храмот Свети Сава во Белград.

Уште откако беше најавено, МПЦ се подготвува за пречек на високата делегација од Српската православна Црква.

За утре се очекува на литургијата во Соборниот храм да присуствуваат огромен број верници, а ќе пристигнуваат и од другите градови со оглед на тоа што најавен е и организиран превоз. Се очекува и улиците околу Соборна да бидат затворени, како и посебен сообраќаен режим. За потсетување, На 19 мај во храмот Свети Сава во Белград, српскиот патријарх Порфирије заедно со поглаварот на МПЦ-ОА заедно сослужуваа литургија со што практично се стави крај на спорот и 55 годишниот раскол помеѓу двете цркви.