Балкан
27. November 2019 - 12:55

Спасувачката екипа од Србија извади две безживотни тела во Драч

Спасувачка екипа од Србија извади две безживотни тела од урнатините во албанскиот град Туман, кој беше најтешко погоден од вчерашниот земјотрес.
 
Извлечени се телата на маж и жена, објави РТС.
 
Според албанскиот портал Indeksonline.net, станува збор за брачната двојка Грегу. Безживотните тела на Пелумб Грегу и неговата сопруга беа извлечени 30 часа по земјотресот.