Спасувачка операција на завеани овчари на грчкиот остров Скопелос
Тим спасувачи и војници од Волос денеска се испратени на грчкиот островот Скопелос за да спасат десетина овчари, кои од саботата се заглавени во планински предел поради обилните снежни врнежи.
„Катимерини“ јави дека сточарите се завеани во областите Пиргос, Рахес и Пефкиа повеќе од пет дена.
Спасувачки тим поддржан од хеликоптер на грчкото Воено воздухопловство вчера успеа да извлече шест лица кои биле завеани во Пефкиас. Прво биле спасени маж и жена, а потоа и едно четиричлено семејство.
Голем дел од Скопелос е без електрична енергија и вода, бидејќи снежните бури ги оштетиле далекуводите, кои исто така ги снабдуваат со струја пумпите за вода.
Грчката електродистрибуција вчера од Волос испрати тимови кои поправија дел од далнововите, по што главниот град Хора повторно доби струја, но остатокот од островот се уште има проблеми затоа што камионот кој носел нови столбови за струја се лизнал на мраз и се превртел на пат во близина на селото Глоса.
Температурите на Скопелос денеска првпат се над нулата и локалните власти се надеваат на затоплување, но за топење на дебелата снежна покривка и мразот ќе бидат потребни повеќе дена.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.