Македонија
7. February 2020 - 11:39

Спасовски: Животот и здравјето на луѓето немаат цена, мора да се открие кој е најдогворен за несоодветниот третман на отпадот

– За  случувањата во „Еко клуб“ е отворен предмет во Основното јавно обвинителство (ОЈО) кој ќе ги испита сите постапки и ако има било каква одговорност секој ќе мора да сноси одговрност без  разлика дали е кај Државниот инспекторат или кај Инспектроратот на Град Скопје или, пак, кај  кој било носител на функција во државата, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека животот и здравјето на луѓето немаат цена и потенцира дека во општеството нема повисока вредност од човекот и неговото здравје.

-Сето она што беше откриено после преземањето на депонијата „Дрисла“ од страна на Град Скопје е прашање што мора да се затвори од аспект на истрага која ќе одговори на сите прашања кои се од општ интерес за сите граѓани заради тоа што пред се се работи за нивниот живот и здравје и за заштитата на животната средина, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Апелирам, потенцира, истрагата да заврши што е можно побрзо и додаде дека сите институции на системот мора да бидат во поддршка на ОЈО за да се утврдат сите факти и докази и на крајот на јавноста да и се обелодени што се правело во минатото, кој е најодогворен и како ќе плати за тоа што работел незаконски.

-Тоа мора да го направиме за да покажеме дека системот работи и нема да му прости на никој без разлика дали е функционер или обичен граѓанин во државата, потенцира Спасовски.