Македонија
22. October 2018 - 16:22

Спасовски: Засилено полициско обезбедување за сите 80 пратеници кои гласаа за уставните измени во петокот

Сите 80 пратеници кои во петокот вечерта гласаа за почеток на процестот за уставните измени се под засилено полициско обезбедување информираше МВР Спасовски. Ваквата одлука е резултат на безбедносните проценки на службите во МВР, посебно по директните закани, но и заканите упатени преку социјалните мрежи. 

Во однос на тврдењата на одредени пратенци од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, дека биле нудени пари за поддршка на уставните измени, Спасовски апелираше до ЈО да отвори истрага. 

МВР денеска ја поднесе и првата кривична пријава поради закани преку социјалните мрежи. СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО поднесе кривична пријава против 38 годишен жител од село Коњари, поради основано сомнение за сторено кривично “Загрозување на сигурност и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.