Македонија
31. October 2018 - 11:47

Спасовски – Задорожњук: Продлабочување на соработката во борбата против криминалот и тероризмот со Укарина

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Министерството се сретна со амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук на која разговарале и за унапредување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата и тероризмот.

Како што соопшти МВР, на средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес.

-Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам, стои во соопштението од МВР.