Спасовски во посета на Полициското одделение Галате
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со заменик-министерот Агим Нухиу и своите соработници денеска го посетија Полициското одделение „Галате“ за увид во завршните работи за обнова и опремување на оваа полициска станица.
Министерот Спасовски истакна дека активноста е дел од проектот „Опремена полиција безбедни граѓани“ што МВР ја започнала минатата година во полициски одделенија и станици што биле во лоша состојба.
- Преку свои средства МВР оддели 2,4 милиони денари за обнова на покривот, фасадата и внатрешноста на полициската станица во ПС „Галате“ каде што 25 години немало каква било градежна активност. Ова полициско одделение е значајно по територијата што ја покрива, како и бројот од над 40 илјади граѓани, а што се однесува до актуелно безбедносната состојба и во територијата што ја покрива СВР Тетово таа е мирна и стабилна, рече Спасовски.
Тој посочи дека при посетата било разговарано и за подобрување на состојбите во поглед на криминалитетот и јавниот ред и мир и оти со кадровските промени се влијаело позитивно во оваа насока, односно зголемен е процентот на откривање, а особени резултати се забележуваат во спречувањето на трговијата со дроги каде што во последниот период во Полошко има приведено околу 150 вакви лица.
Спасовски ги повика граѓаните да соработуваат и да бидат партнери на полицијата за севкупен просперитет и на подрачјето, но и на ниво на Македонија каде што тој ја оцени состојбата исто така мирна и стабилна без индиции дека има какви било посериозни закани, оценувајќи дека полицијата и пред референдумот и на денот на референдумот ја извршила задачата бидејќи референдумот поминал без проблеми.
Одговарајќи на прашање околу состојбите на јужната граница по синоќешниот инцидент кога патрола на АРМ пукала во воздух за да спречи нелегално преминување на границата, Спасовски рече дека иако нема зголемен број на мигранти, ниту се очекува тоа, има зголемување на бројот на илегални обиди за што МВР е подготвено и соодветно се справува со тоа, но, според Спасовски, оценката дека нема опасност од повторување на мигрантската криза од 2015/2016 година.
Во однос на заканите до пратениците, Спасовски истакна дека има информации дека и преку социјалните мрежи и јавно до пратениците има определени закани, меѓутоа, како што рече, никој во Македонија нема право да се заканува до никого и особено до пратениците.
- МВР ќе ги преземе сите можни мерки за да спречи заканување или спречување во работата на пратениците, како и да ги спречи обидите за корупција со цел да се заштитат пратениците, а со тоа да ги заштитат и граѓаните кои ги гласале овие пратеници. Пратениците треба да пријават каков било ваков обид за попречување во нивната работа за полицијата да преземе соодветни мерки да ги заштити, бидејќи овој процес е премногу важен за некој на каков било начин да влијае во работата и однесувањето на пратениците. Доколку, пак, дојде до тоа, станува збор за низа кривични дела, а институциите кај нас согласно својата функција ќе преземат соодветни мерки да ги заштитат пратениците, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО
-
Четири килограми марихуана и амфетамин пронајдени кај 27 годишник во Драчево | ВИДЕО
-
Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода
-
Влада: Инвестициски бум, 6 нови странски инвестиции за 6 месеци и 2000 нови работни места
-
Борусија Дортмунд неколку месеци без Шуле
-
Наполи еден месец без Кварацхелија
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната