Македонија
9. November 2018 - 12:51

Спасовски во посета на нови 550 кандидати за полицајци во Центарот за обука

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово каде што од септември се реализира едноггодишна теретска и практична обука на нови 550 кандидати за полициски службеници од класта 2018/2019.

Потсетувајќи дека е започнат широк процес на реформи во МВР, вложувања во делот на опремата, во објекти, Спасовски потенцира дека сето тоа би било залудно доколку нема вистински кадри кои ќе бидат подготвени да бидат полицајци какви што граѓаните посакуваат.

Од 550-те нови кандидати, за кои селекцијата траела подолго од вообичаеното, како што информира министерот Спасовски, по завршувањето на обуката ќе бидат ангажирани со договор во МВР, само 500 со најдобар успех.

Тој информира дека заедно работат со професорите во Центартот за обука, како и со Факултетот за безбедност со цел, истакна, кандидатите да ги постигнат вештините и компетенциите кои пред се ќе придонесат нивната работна кариера да биде во интерес на државата и на очекувањата на граѓаните кои ги имаат. Преку овој овој влог, оцени министерот Спасовки, генерално во континуирано образование на полициските службеници во МВР да се подобри состојбата, да се врати уште повеќе довербата во овие институции, но на прв план да се зголеми безбедноста на граѓаните.

– Ние за жал може да констатираме дека пред година дена се соочивме со дискoнтинуитет во обрзовниот процес на полициските службеници што резултираше со неследење на правната регулатива и при однесувањето и постапувањето имаше соодветни проблеми кои на крајот завршуваат преку поплаки и реакција на внатрешната контрола, рече министерот за внатрешни работи Спасовски.

Паралелно, подвлече министерот Спасовски, се спроведуваат обуки и во другите единици на МВР.

– Во моментот има обука и на полициски службеници од Одделот за обезбедување лица и посебни објекти, а тоа се посебни обуки кои ги поминуваат овие кандидати. Течат обуките и на нови канддидати  избрани преку интерен оглас и за Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, се со цел да постигнеме и поголема бројност и поголема спремност на полициските службеници. Мора да има и освежување на овие еидници и ќе продолжиме така и во сите дурги оддели, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Напомена дека во рамки на референдумскиот процес е направена обука на сите полициски службеници, а изработен е и посебен прирачник за тоа како треба да постапуваат полициските службеници и првпат пред референдумот прирачникот беше објавен и во електронска форма.