Спасовски во Букурешт се сретна со романската колешка, во фокусот зајакнување на соработката
Соработка меѓу двете земји особено од аспект во борбата против организираниот криминал, тероризмот, миграциите, компјутерскиот криминал размена на полициски искуства на оперативно ниво беше во фокусот на денешната средба во Букурешт на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со романската министерка за внатрешни работи на оваа земја, Кармен Даниела Дан.
Двајцата министри разговарале и за соработката во делот со едукација и размена на кадри меѓу нашиот Центар за обука на полициски кадри и нивната Полициска академија по европски стандарди и методи кои ќе бидат од заеднички интерес на двете институции.
Спасовски и Даниела Дан се согласиле за потребата од назначување на контакт точки за директна соработка со што ќе се овозможи размена на брзи и точни информации од полициското работење. Исто така на средбата стана збор и за безбедносните приоритети во рамки на актуелното романско претседавање со Европската унија.
Спасовски денеска во Букурешт се сретна и со генералниот директор на СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа) Снежана Малеева, чие што седиште е во главниот романски град.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари