Македонија
3. January 2020 - 17:18

Спасовски: ВМРО - ДПМНЕ да биде конструктивна за да имаме совршени избори

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ во преодниот период до изборите на 12 април да покаже конструктивност со цел институциите да се подготват за совршени фер и демократски избори, порача во своето експозе во собранието мандатарот за техничка влада Оливер Спасовски.
 
Тој ги претстави министрите во неговиот кабинет, потсети на договорите со Грција и Бугарија, реформите кои биле направени во безбедносниот и правосудниот систем.
 
Спасовски ги повика пратениците до крајот на мандатот до 10 февруари да го ратификуваат и протоколот за членство во НАТО. Вети дека ќе работи и на европската агенда.
 
Спасовски се заблагодари и на досегашниот премиер Зоран Заев, а од министрите побара чесно и одговорно да ја вршат функцијата.