Спасовски - СВР Скопје: Безбедносната состојба во Скопје стабилна
Безбедносната состојба во градот Скопје е стабилна и има тенденција на намалување на криминалот, е оценката што денеска раководните лица од Секторот за внатрешни работи на Скопје му ја пренеле на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На работниот состанок во просториите на СВР Скопје на министерот Спасовски му било укажано и на проблемите со кои се соочуваат вработените и на недостатокот на работен кадар.
Министерот најави дека во следниот период ќе се посвети посебно внимание на нарушувањето на јавниот ред и мир, намалувањето на кривичните дела и на безбедноста во сообраќајот.
Во делот на подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, Спасовски посочи дека со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени дополнителни 10 милиони денари за капитални инвестиции.
- Граѓаните со право очекуваат да имаат зголемена безбедност, но од друга страна полициските службеници се соочуваат со проблеми. Ако имаме предвид дека 10 години не се дадени нови униформи, седум години чизми и не се инвестирало во подобрување на условите за работа, тоа укажува на еден начин на работење кој не бил во интерес на службата и граѓаните. Затоа пренасочивме средства за да ги подобриме овие услови и со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни 10 милиони денари за капитални инвестиции, изјави министерот Спасовски.
Работни средби како денешната во СВР Скопје планирано е да се одржат и со останатите сектори кои се во надлежност на МВР.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд