Македонија
25. March 2019 - 16:47

Спасовски: Советникот нема да влијае на истрагата за учеството на неговиот син во инцидент во дискотека

Напаѓачите на полицаецот Филиповски се повикани на разговор па пуштени дома. Министерот Спасовски уведува дека МВР работи на расчистување на нападот и дека извршителите на насилството ќе одговараат без разлика што се синови на поранешен градоначалник и висок функционер на СДСМ вработен во Министерството за внатрешни работи.

Дека извршителите на нападот се синови на вработен во МВР и дека постои опасност тој да влијае врз истрагата, вчера преку Фејсбук обвини таткото на нападнатото момче.

Со реакција се јави и поранешниот градоначалник на Петровец Ѕвонко Цветковски кој тврди дека неговите синови не се напаѓачите, иако вели дека учествувале во тепачката, но и тие биле нападнати и повредени.

На расчистување на целиот настан работат и МВР и Јавното обвинителство.

27-годишниот Филип Филиповски пред два дена бил нападнат со нож во дискотека во скопско Марино. По извршената операција се наоѓа на интензивна нега и е надвор од животна опасност.