Македонија
4. February 2020 - 12:47

Спасовски: Сметам дека изборите ќе се одржат во закажаниот рок

Јас лично се надевам дека нема да има одложување на изборите, бидејќи сметам дека ќе надвладее разумот дека националните интереси се поважни од сите други лични и интереси.

Ова го изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски, дополнувајќи дека сите политичари ќе го сфатат значењето на Законот за јавно обвинителство.

Иако тој не е формален услов за добивање датум за почеток на преговори, Спасовски смета дека носењето на Законот би била одлична порака до ЕУ. За изјавата на лидерот на СДСМ за можно одложување на изборите, Спасовски смета дека тоа е личен став на Заев, напоменувајќи дека работните групи и политичарите ќе настојуваат и денеска да најдат компромис за Законот за јавно обвинителство.

Горан Симоновски