Македонија
4. May 2018 - 16:31

Спасовски смета дека полицијата е одлично подготвена, опозицијата обвинува дека условите се нехумани

Со тактичко - показни вежби на единиците за специјални задачи при МВР, во кои беа употребени борбени возила, пиротехника и кучиња, во касарната Ѓорче Петров почна одбележувањето на денот на полицијата 7 мај. Откривање и апсење на лица кои превезуваат оружје и пари, како и справување со толпа која го нарушува јавниот ред и мир, беа ситуациите во кои полицијата ги демонстрираше координираноста и професионалните стадарди.

Целта на ваквиот начин на одбележуавње на денот на полицијата е прикажување на подготвеноста на специјалните полициски сили, но и зајакнување на взаемните врски меѓу граѓаните и полицијата, истакна првиот човек на МВР.

Одбележувањето на денот на полицијата продолжува утре во Охрид, а централната манифестација ќе се одржи на 6 мај на Градскиот стадион во Штип.