Македонија
29. September 2016 - 16:21

Спасовски смени 11 началници на СВР, меѓу кои и тие одговорни за случаите ,,Поткуп‘‘ и ,,Фабрика за афери‘‘

Оливер Спасовски ги смени началниците и раководителите во МВР кои обезбедија докази во случајот Поткуп против лидерот на СДСМ Зоран Заев и за Фабриката за Афери на Захир Беќири Чауш, обвини денеска заменикот Министер за внатрешни работи.
Андонов вели дека станува збор за грубо партизирање на МВР и обид, полицијата да се претвори во партиски штаб на СДСМ

Покрај началниците во одделите за сузбивање организиран криминал и во одделот за прикриени операции, кои ги обезбедија доказите за Поткуп и фабрика за афери, сменети се и сите началници на секторите за внатрешни работи, а на нивно место донесени се истите кадри кои Спасовски ги постави и во претходниот свој мандат. Андонов вели дека меѓу нив има и лица против кои се водат дисциплински постапки за прекршоци во работењето. Старо нов началник на Алфите е Примислав Димовски против кој беше поведена постапка откако незаконски ослободил приведено лице.

Спасовски вели дека смените му ги дозволува последниот меѓупартиски договор и законот за влада

Новите началници на Спасовски решенијата ги добиле денеска, а дополнителниот заменик Андонов најави дека против секое од нив, ќе поднесе соодветна тужба до управниот суд.