Македонија
14. January 2020 - 11:01

Спасовски: Сите заедно мора да функционираме за граѓаните да бидат безбедни

Техничкиот премиер Спасовски ги повика функционерите во техничката влада, и од власта и од опозицијата да работат во интерес на граѓаните. Побара техничките министри и дополнителните заменици министри да имаат сенс за одговорност за да не се руши работата на институциите.
 
- Сите заедно мораме да функционираме за граѓаните да бидат сигурни, рече Спасовски, посочувајќи дека приоритет на интерес мора да бидат граѓаните, а не политичките поени.
 
Во однос на изборот на началник на СВР Скопје рече дека се може да се реши преку дијалог.
 
Даниел Василев