Спасовски – Река: Заложби за натамошен економски развој, добрососедски односи, НАТО и ЕУ перспективи на државите и регионот
Заложбите за побрз проток на луѓе, материјални добра, поефикасни услуги на граничните премини и интензивирањето на економската соработка се областите на кои се разговараше на денешната средба на претседателот на Владата, Оливер Спасовски со амбасадорот на Албанија во нашата држава, Фатос Река.
На средбата двајцата соговорници констатирале дека е неопходно, паралелно со заложбите и очекувањата на секоја од државите за исчекори во евроинтеграциите, да продолжи и регионалната економска соработка што е во директен интерес на сите граѓани во регионот.
На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, е изразена заедничка определеност за натамошен развој на пријателските односи помеѓу двете држави, како придонес и кон добриот регионален развој и во духот на европските вредности.
– Остануваме посветени на одржувањето на мирот и стабилноста во нашата држава и во регионот, на развојот на добрососедските односи како со Република Албанија така и со сите други соседи, на развојот на концептот Едно општество за сите со еднакви права и одговорности на граѓаните од сите етнички заедници, на реформите, на развојот на економијата и на НАТО и на ЕУ интеграциите, коишто за нас немаат алтернатива, истакнал премиерот Спасовски.
Исто така, на средбата оценето е дека политиките на отворени врати на НАТО се придонес кон регионалната стабилност и безбедност.
Премиерот Спасовски изразил подготвеност за дополнителна поддршка на Албанија во справувањето со последиците од земјотресот на 26 ноември 2019 година во Драч.
Албанскиот амбасадорот изразил благодарност за брзата реакција на нашата држава во испраќањето луѓе и материјална помош, веднаш по земјотресот во Албанија и пренесе покана од премиерот Еди Рама за организираната донаторска конференција од страна на Европската Комисија во Брисел на 17 февруари 2020 година со цел, колку што е возможно, надминување на состојбите од земјотресот.
Ново на Сител
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење