Спасовски: Престануваат да важат овластувањата на раководните лица во МВР
Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, избран од редовите на СДСМ, синоќа со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор.
- Како министер за внатрешни работи избран со Одлука за избор на членови на Владатра на Република македонија (Службен весник на РМ бр. 197/15), врз основа на законските овластувања информирам дека сите пренесени овластувања од министрите за внатрешни работи кои раководеле со МВР до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата на РМ, престануваат да важат. Со содржината на телеграмата да бидат запознаени сите работници во МВР, стои во телеграмата потпишана од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, објавена во медиумите.
На функцијата министер за внатрешни работи Спасовски беше избран завчера, по гласањето на законите што произлегоа од Договорот во Пржино за надминување на политичката криза.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор