Спасовски по повод Денот на демократијата: МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот
МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот, односно Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10 проценти исполнетост на индикаторите за отвореност, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својата честитка по повод Денот на демократијата, кој годинава се чествува во знак на заштита на медиумските слободи.
Министерит на својот фејсбук профил потенцира дека тоа покажува исклучителна транспарентност во споредба со минатото.
-Во свое и во име на МВР упатувам честитки по повод Демократијата е универзална вредност базирана на слободна волја на луѓето да одлучат за своите политички, економски, социјални и други права преку кои партиципираат во општествениот живот, односно на граѓаните е да ја практикуваат моќта која им ја дава демократијата. Токму заштитата на слободата на медиумите е критична компонента за една демократија, за мирот и стабилноста на општеството, на регионално и глобално ниво. Во таа насока говори и транспарентноста на институциите и соработката со медиумите и медиумските работници, стои во објавата.
Додава дека МВР има одлична соработка со медиумите, преку заеднички работилници и други активности.
-Како МВР остануваме посветени на безбедноста на новинарите, што е од интерес за целото општество, а токму измените во Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на новинарите, а кои се очекува да бидат усвоени од Парламентот, ќе дадат голем придонес за тоа, напиша Спасовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување