Македонија
13. May 2019 - 16:12

Спасовски очекува Интерпол да ја објави потерницата за Никола Груевски

Комплетно е барањето за објавување меѓународна потерница по екс премиерот Никола Груевски, велат од МВР. Министерот Спасовски уверува дека се испратени сите документи до ИНТЕРПОЛ и очекува меѓународната полициска организација да ја распише потерницата.

„Ние неколку пати контактираме и ги поднесуваме сите потребни документи. Значи преку Министерството за внатрешни, Министерството за правда – сите документи се обезбедени и доставени до ИНТЕРПОЛ. Тие се уште вршат некакви испитувања за тоа дали потерницата ги исполнува критериумите за објавување на ИНТЕРПОЛ“, вели Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи.

Обвинителството за организиран криминал и корупција, минатата недела откри дека ИНТЕРПОЛ подолг период  без образложение одбива да распише потерница за Груевски. Обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека два месеца чека од ИНТЕРПОЛ за објава на потерницата.

Поранешниот премиер Груевски е осомничен за организирање на собраниските настани од 27 април. За истиот случај се бара и екс вработениот во УБК, Никола Бошковски но и за него ИНТЕРПОЛ нема објавено потерница.

Спасовски и Рускоска велат дека, претходно ИНТЕРПОЛ распишал потерници за двајцата осомничени но тогаш се барале за други кривични дела.