Македонија
28. September 2020 - 12:40

Спасовски: Новата снимка ќе биде дел од истрагата за полициската бруталност

Истрагата со насилството врз Ромите во Битола е во тек и се уште е рано да се каже нејзиниот исход. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја новата снимка која се појави на социјалните мрежи, на која се гледа напад врз полицискиот службеник од подоцна претепаниот граѓанин.

Токму затоа, вели Спасовски, не треба да се дава предвремен суд за настаните. Дополни дека врз полицајците се водат две постапки, кривична и дисциплинска, а фактите ќе бидат утврдени по разгледувањето на сите докази.

Спасовски повтори дека најостро осудува напад врз полицијата, во контекст и на нападот врз шумската полиција, потенцирајќи дека секој ваков атак претставува и напад врз самата држава.

Горан Симоновски