Македонија
13. May 2020 - 10:55

Спасовски: Неколку пати барав промена на дневниот ред за конститутивната седница

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска сведочи на судењето за организаторите од 27 април. Тој е повикан како сведок на Обвинителството. Пред судот, Спасовски рече дека барал повеќе пати во текот на конститутивната седница која почнала во декември и траела неколку месеци, но тоа не случило. Така било и на 27 април 2017 година кога тоа го побарал со поддршка од 10 пратеници.

Спасовски рече дека откако почнале насилствата во законодавниот дом, се собрал поголем број на луѓе пред партиското седиште на СДСМ кои сакале да се упатат кон собранието, но како што рече тој во комуникација со претседателот на партијата не дозволиле толпата да се упати кон зградата на Собранието за д се избегнат дополнителни инциденти.

Освен Спасовски, на денешното судење ќе сведочи и Антонио Кочков.

 
Зоран Јаневски