Македонија
29. December 2016 - 22:30

Спасовски: Најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска на прес-конференција реагираше што досегашниот престедател на Собранието Трајко Вељаноски планира да ја води утрешната конститутивна седница.

Тоа, нагласи Спасовски, е спротивно на Деловникот и на собраниската пракса, бидејќи, како што рече, најстариот пратеник претседава со конститутивната седница.

- Трајко Вељаноски сега е пратеник. Како што бил прв меѓу еднаквите, сега е еднаков со сите како пратеник и затоа сметаме дека конститутивната седница треба да ја води најстариот меѓу пратениците, од проста причина што ставот два од членот девет е поврзан со ставот еден кој вели дека доколку досегашниот претседател на Собранието не ја свика седницата, тогаш ја свикува најстариот пратеник и ставот два вели дека тој кој ќе ја свика седницата тој председава со неа, истакна Спасовски.

Порача дека ставот на СДСМ е многу јасен. - Досегашната практика и одредбите од Деловникот се јасни, најстариот пратеник треба да претседава со конститутивната седница, изјави Спасовски.