Македонија
28. January 2021 - 19:17

Спасовски: На Телеграм има и друга слична група на „Јавна соба“

Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ме информираа дека групата „Јавна соба“ е затворена, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава преку својот фејсбук-профил.

– Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група, напиша Спасовски.

Тој посочува дека сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат.