Македонија
15. April 2016 - 17:50

Спасовски на работна средба со амбасадорот Бенце

Претстојните избори за претседател на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа - СЕЛЕК (SELEC - Southeast European Law Enforcement Center) беше тема на разговор на денешната работна средба во Скопје на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со унгарскиот амбасадор Јожеф Бенце.

Амбасадорот Бенце, информираат од Кабинетот на Спасовски, побара информации и за тековната политичка криза.