Македонија
2. October 2018 - 8:24

Спасовски на работилница „Собирање, анализа и споделување на миграциски податоци“

Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски денеска ќе учествува на работилница за „Собирање, анализа и споделување на миграциски податоци“, што ќе се одржи во Скопје во организација на „Прашкиот процес - Миграциска опсерваторија“.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски денеска ќе се обрати и на регионалниот семинар на тема „Примена на новите технологии во борбата против трговијата со оружје“.